Бидете дел од првиот еднодневен настан комплетно посветен на Microsoft Azure

Сабота, 18-ти Мај 2019

Скопје, Хотел Порта, 09:30 часот

Што го прави овој настан посебен?

Прв настан посветен на Azure

Македонската заедница на програмери за прв пат организира настан комплетно посветен на последните cloud технологии и на Microsoft Azure

Одлични теми и предавачи

На настанот ќе бидат презентирани последните новости и модерни технологии од Azure презентирани од одлични предавачи

Бесплатен

Овој настан е организиран од заедницата за заедницата, од програмери за програмери и како таков е бесплатен.

Предавачи

Хајан Селмани

Претседател на Македонската .NET Заедница, Претприемач, Лидер, CEO и Основач на HASELT, Јавен говорник и Мотиватор




Дарко Милевски

Ко-Основач на Македонската .NET Заедница, Софтверски Архитект со 15 годишно искуство, Предавач, Лидер и неуморен поддржувач на tech заедницата.



Марјан Николовски

Лидер, девелопер, татко, основач и CEO на Emit Knowledge. Страствен по градење на тимови, споделување на знаење и развој на софтверски продукти. Активен поддржувач на tech, open source и start up заедницата.

Андон Драгоманов

Софтверски Архитект со 15 годишно искуство во телко и финансиската индустрија. Основач на MCA и поддржувач на .NET заедницата.



Димитар Грозданов

Инженер. 20+ години на „терен“. Cloud Solution Architect. Ко-основач/поддржувач на технички заедници. Предавач. Родител. Љубител на пиво и добро друштво.


Александар Тасески

Александар е софтверски инженер и проектен лидер во Emit Knowledge. Верува и работи на константно подобрување на процесот на развој на софтвер и поддршка на тимот во остварување на заедничките цели.

Агенда

09:30 - 10:00

РЕГИСТРАЦИЈА
...

Хајан Селмани
Марјан Николовски

10:00 - 10:30

ОТВАРАЊЕ (KEYNOTE)

...

Дарко Милевски

10:30 - 11:15

REAL-TIME SERVERLESS APPLICATIONS ON AZURE PAAS

На оваа сесија ќе биде презентирана една целосна слика за можностите на Azure PaaS сервисите, како со Serverless архитектура и поврзување на различни сервиси може да добиеме една Real-Time апликација во Cloud

...

Андон Драгоманов

11:30 - 12:15

Serverless patterns and anti-patterns

На предавањето ќе бидат накратко разгледани Azure Functions и нивната употреба.Во вториот дел детално ќе се разработат познати patterns и anti-patterns и како тие правилно да се применат кај Azure Functions.

...

Александар Тасески

12:30 - 13:15

AZURE DEVOPS: A STORY FROM THE BATTLEFIELD

"When you play the game of software development, you win or you lose." - Azure DevOps е алатка која ќе ви помогне да „победите“ во играта. На оваа сесија ќе научите како да го поставите Azure DevOps, да го конфигурирате и да го користите и да испорачате производ кој носи вредност на вашите кленти.

...

Димитар Грозданов

13:30 - 14:15

SECURING AZURE SERVICES THE RIGHT WAY

Неизоставен дел на секоја апликација, сервис, инфрастуктура - нејзината безбедност од внатрешни и надворешни закани. Преглед на можностите кои ви ги нуди Microsoft Azure, во контекст на денешните теми.

Спонзори


Поддржувачи